Во текот на вчерашниот ден (04.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 685 возачи. Од нив, 103 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово – 118, а потоа на територија на СВР Скопје – 102, на територија на СВР Тетово – 92…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.