Избраничката на синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан со фановите на својот Инстаграм профил сподели дел од детската соба во која ќе престојува идното нивно бебе.
Имено Бојана Родиќ блеска во осмиот месец од бременоста, а пред два дена сподели и дел од детската соба која ја реновира во домот на пејачката.
Нејзините следбеници речиси останаа без здив од целата оваа идеја да го илустрираат целиот ѕид во собата.
Инаку парот треба да се венча во секој момент со оглед дека бебето доаѓа идниот месец.
Парот сето тоа го одлагаше поради смртта на бабата на Мирко, мајката на Гоца Божиновска.