петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Два вида на грип можеби исчезнале засекогаш поради ковидот

Два вида на грип можеби исчезнале засекогаш поради ковидот

Појавата на Ковид – 19 можеби го реши проблемот со два вида грип за човештвото, односно е сосема можно грипот H3N2 и B/yamagata да исчезнал.

Со рестриктивните мерки како што се носење маски, затворање на училишта и забрана за патување, инфекцијата со грип е на историски ниско ниво во светот, така што H3N2 и B/yamagata може да исчезнале, објави веб-страницата „Statnews.com“.

Ниту еден од овие два вируси не беше забележан оваа година, згора на тоа, во март 2020 година, беа забележани последните случаи на B/yamagata и H3N2.

Во текстот Statnews.com се вели дека „во морето на вируси, нивниот број започна да се намалува, што е добредојден исход, велат експертите, што го олеснува правењето сезонски вакцини во северната и јужната хемисфера“.

„Мислам дека има реални шанси да ги нема, но светот е големо место“, изјави за Statnews.com биологот Фред Хачинсон од Центарот за истражување на рак во Сиетл, Тед Бедфорд.

Експерт за грип од Медицинскиот факултет „Маунт Синај“ во Менхетн ги пребарува генетските бази на податоци за вирусот B/yamagata и се надева дека вирусот исчезнал засекогаш.

„Само затоа што никој не го виде не значи дека го нема, нели? Но, можеби тој навистина исчезнал”, рече Крамер.