вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски: Според португалскиот предлог македонската влада ќе изјави дека македонскиот јазик е кодификуван 1945 година

Клековски: Според португалскиот предлог македонската влада ќе изјави дека македонскиот јазик е кодификуван 1945 година

Во днешното свое гостување во дневникот на Сител телевизија аналитичарот Сашо Клековски во однос на најавите од премиерот Зоран Заев за интензивирање на разговорите со Бугарија истакна дека сите можни патеки ги пробаа но тие сепак не функционираат.

– Ние секако мораме да разговараме со Бугарија во еден друг или трет формат, досега ги пробавме сите формати и тие не функционираат значи се проба во директни разговори помеѓу Македонија и Бугарија во Берлин , Берлин само посредуваше со нон пејперот од Берлин тој не беше прифатен во Софија, потоа следуваше именување на специјални претставници од Макеоднија во Бугарија, помина веќе пола година од именувањето од именувањето на специјални претставници и тоа не помина, не даде никакви резултати, како билатерално прашање да си го решат земјите сами исто така не функционираше, видовме значи сите можни патеки ги пробавме и тие не функционираат, изјави Клековски.

Аналитичарот Сашо Клековски додаде дека Португалскиот предлог во однос на нон пејперот од Берлин е надграден и има одредница каде македонската влада ќе изјави дека македонскиот јазик е кодификуван во 1945 година.

– Она што е важно во Португалскиот предлог е тоа што тој е надграден на нон пејперот од Берлин во основа се состои од две изјави на македонската и на бугарската страна каде што ги искажуваат своите ставови. Ако добро се сеќавам тогаш имаше една одредница дека македонската влада ќе изјави дека македонскиот јазик е кодификуван во 1945 година, нагласи Клековски.

Најнови вести