петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аџиоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за локалните избори, ќе бидат понудени најдобрите кандидати

Аџиоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за локалните избори, ќе бидат понудени најдобрите кандидати

Во денешното издание на “Утрински брифинг” гостуваше Мирче Аџиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, кој зборуваше за актуелната политичка ситуација во земјата, како и во однос на подготовките на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред локалните избори кои што ќе се одржат на крајот на октомври оваа година.

Аџиоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку години систематски го менува ликот на партијата и гради стабилна структура која ќе има задача да ја врати Република Македонија на ниво кое што граѓаните го заслужуваат, односно земјата да биде економски стабилна и просперитетна. Тој додава дека локалните избори ќе бидат одлична шанса за граѓаните да изберат подобра иднина и сојузник кој ќе биде рамо до рамо со нив во решавањето на секојдневните проблеми на локално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ веќе одреден период спроведува анкети во однос на кандидатите за градоначалници и советници, се со цел да се добие јасна слика и реална перцепција за тоа кој треба да биде понуден пред граѓаните како најдобро решение. Олеснувачки момент е тоа што во секоја општина има низа искусни, чесни и луѓе со огромен мотив, кои што сакаат да се борат за местото во кое што живеат и да им понудат далеку подобар живот на сограѓаните, вели Аџиоски.

Аџиоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е уверено во одличните резултати кои ќе се случат во октомври, поради тоа што неколку месеци наназад пратениците се помеѓу народот и ги нотираат најголемите недостатоци на во општеството кои ги пријавуваат граѓаните, врз кои ќе се изработи и програмата која што ќе биде понудена на граѓаните, заврши Аџиоски.

Најнови вести