понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Уставниот суд го проби дното: Цветанка Иванова од СДСМ оди за уставен судија?!

Уставниот суд го проби дното: Цветанка Иванова од СДСМ оди за уставен судија?!

Од собраниски извори КУРИР дознава дека актуелната генерална секретарка во Собранието Цветанка Иванова, по лична интервенција на Зоран Заев ќе бида избрана од Собранието за уставен судија со 9-годишен мандат.

Цветанка Иванова, пратеник на СДСМ и државен службеник –раководител на одделние за човечки ресурси во општина Струмица, е без еден ден поминат стаж како судија, јавен обвинител, со ниту еден напишан стручен труд на било која тема од правната област. Според приложеното, единствена квалификација за уставен судија на Иванова и е долгиот партиски стаж во СДСМ и сервилноста кон Зоран Заев.

Правните експерти кои ги консултиравме коментираат дека изборот на Цветанка Иванова, од државен службеник за уставен судија, ќе значи тежок удар врз независноста на Уставниот суд и брутална партизација на истиот. Познавачите коментираат дека после контроверзниот избор на Добрила Кацарска за уставен судија, изборот на Цветанка Иванова јасно ја покажува намерата на Заев и СДСМ да го стават под целосна контрола Уставниот суд и додаваат дека со овој избор Уставниот суд ќе го добие убедливо најслабиот судија во неговото постоење.

Ако стручната јавност ги памети врвните правни умови кои биле дел од Уставниот суд, како што се професорите Асен Групче, Тодор Џунов, Милан Недков и други, изборот на Иванова за уставен судија е мајтапење со оваа институција коментираат експертите. Свекрва и снаа избрани за судијки во една година За името на Цветанка Иванова се поврзуваат голем број на скандали од лукративна природа и непотизам.

Имено, на претходниот конкурс за прием во Академија за судии и јавни обвинители беше примена и снаата од син на Цветанка Иванова, Билјана Иванова, претходно вработена во ЈП Комуналец- Струмица. Тогаш медиумите пишуваа дека токму позицијата на Цветанка Иванова и овозможило влез во Академијата на нејзината снаа.

Очигледно дека семејството Иванови се привилегирани државни службеници кои со леснотија во време на СДСМ се транформираат во судии.

Фирмата на Цветанка Иванова од СДСМ која доби државен тендер од власта работи незаконски среде кампања (ВИДЕО)

Синот на Цветанка Иванова демантира: Немаше политички влијанија, тендерот го добив исполнувајќи ги условите

Милионски тендери и за синот на Цветанка Иванова

Освен во амбициите за судии, семејството Иванови се и бизнис партнери на семејството на Заев. Имено синот на генералниот секретар на Собранието од редовите на СДСМ – Цветанка Иванова, Зоран Иванов, сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, а воедно и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво добил тендер од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во висина од 300.000 евра со одлука за избор е донесена на 08.11.2019 година.

Јанушев: Синот на Цветанка Ивановска заработил тендер кој може да достигне вредност од над 300 илјади евра, а владата и СДСМ молчи

Уставен судија љубител на егзотични патувања

Цветанка Иванова си се почастила со егзотично патување, ни помалку ни повеќе на сафари во Кенија. Медиумите своевремено пишуваа дека службеното патување на Иванова во Кенија, во друштво со тогашните пратенички Јагода Шахпаска и Лилјана Поповска ги чинело граѓаните околу 2000 евра само за патни трошоци.

Тогаш Иванова беше на мета на медиумите затоа што не беше споделена информација за нејзиното патување, а било период на интензивна работа во Собранието.

СКАНДАЛ: Ген-секот на Собранието Цветанка Иванова на државен туризам во Кенија ?!

Благодарница од СДСМ за уставен судија

Истиот месец, ноември 2019, кога Цветанка Иванова била на службен пат во Кенија, претседателката на Форумот на жени на СДСМ за нивното 20 годишно постоење и доделил благодарница за нејзиниот ангажман во партиските структури на партијата.

Дали оваа благодарница за Иванова ќе и послужи при нејзината апликација за уставен судија и ќе и го обезбеди високиот морален и професионален интегритет што го бара позицијата уставен судија оценете сами.

Од приложеното портфолио на Иванова, дилемата која ја поставува јавноста е дали семејно-бизнис релациите на Иванови-Заев се пресудни државен службеник да биде уставен судија, нејзината снаа судија во Академијата за судии, а синот да добива милионски тендери.

Според неофицијални информации, вториот уставен судија ќе биде битолскиот адвокатот Васко Талевски кој  во 2019-та година стана член на Извршниот одбор на СДСМ.

Адвокатот од Битола, Васко Талевски, во новиот Извршен одбор на СДСМ

 

Најнови вести