Вкупно 55 возачи, од кои 43 на територијата на Тетово, а 12 на територијата на Гостивар се казнети за пребрзо возење во засилената акциска контрола што денеска се спроведе на подрачјето на СВР Тетово во периодот од 7:00 до 12:00 часот.
Од санкционираните возачи, како што информира МВР, 39 возеле со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а 16 во населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.