недела, 28. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ако се прави црна листа за корупција, нема доволно хартија за да се допише владата на Заев

Мицкоски: Ако се прави црна листа за корупција, нема доволно хартија за да се допише владата на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред УМС во Битола, ја коментираше и одлуката на претседателот на САД, Бајден, земјите од Западен Балкан да се справуваат со криминалот и корупцијата.

-А оној делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција која се знае дека е широко распространета, стимулирана и заштитена од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци во власта за  таква црна листа. Не ќе е ниту до тоа и дека не ги знаат нашите прозападни ориентации, или пак до толку да се дибидуси незнајковци по историја па да не ја знаат генезата на ВМРО и дека во својата основа ја има борбата за своја Република во време кога во Европа владеаа монархии, и дека слободата и човечките правдини се нашето верују. И ми стана јасно што е причината за таквиот натпревар. Нема тешка филозофија. До рејтингот е… истакна Мицкоски пред УМС.

Најнови вести