среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПРОТЕСТ: Престанете со понатамошно убивање на зеленилото во Скопје, како еден од најзагадените градови во Европа!

ПРОТЕСТ: Престанете со понатамошно убивање на зеленилото во Скопје, како еден од најзагадените градови во Европа!

Дрвјата на улицата „Орце Николов“ не беа суви и болни – тоа е сликата од терен, порачаа граѓанските активисти од протестот против сечењето на зеленилото во општина Центар. Нема да дозволиме да се сечат стари дрва бидејќи новите не може да ги заменат – велат од  „Зелен хуман град“.

Дали Град Скопје и „Паркови и зеленило“  кога го направија увидот на лице место за состојбата на дрвата, го консултираа зелениот катастар? Злениот катастар кој што вели дека целта му е да му се спречи непотребното сечење и уништување на дрвјата? Лажете ли или не сте координирани? Што е причината незнам но, време е да преземете одговорност! Да престанете да си ја префрлате вината на претходната власт!-рече Мила Јовановска.

Од иницијативата „Зелен хуман град“ креирале платформа, на која, скопјани може  да даваат предлози до градското собрание, за тоа – како да го направат својот град позелен. Се надеваат дека нивната идеја ќе ја преземат сите градови во Македонија.

-Секое парче зеленило е битно да се заштити квалитетот на воздухот, кој сеуште го имаме како проблем. Можеби во моментов дишеме чист воздух но не е поради вакви моменти каде сечеме зеленило кој придонесува до подобар воздух за дишење. Ние ќе стивнеме кога пилите ќе стивнат! – рече Горјан Јовановски од Иницијатива „Зелен хуман град“.

Институциите не ги почитуваат стратегиите и мерките за справување со климатската криза и не ги применуваат на терен. Дополнително велат дека без каква било најава дрвјата биле исечени што е спротивно на сите начела за одговорно владеење.

-Бараме да се престане со понатамошно убивање на зеленилото во Скопје, како еден од најзагадените градови во Европа. Бараме одговорност од институциите, бараме да ги објават јавно сите документи со кои располагаат со кои наводно се потврдува дека зеленилото кое што било тука било за уништување и бараме од нив вклученост на граѓаните, навремена, бидејќи сега ни самите жители на улицата, всушност ниту знаат колку дрва се исечени ниту знаеле дека тие дрва ќе бидат сечени. Не е никаде најавено и тие не се информирани. Ако сакаме да живееме во демократска земја каде што навистина се слушаат граѓаните, каде што се владее со сите напредни принципи, со вклученост на јавноста тогаш неможеме да се однесуваме на овиј начин!-рече активстка од „Зелен хуман град“.

Општина Центар со ново соопштение вели дека останува  на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина. Издадено е решение за отстранување на 13 дрва, од кои отстранети се 8, по претходно извршени испитувања велат од општината, за што активистите тврдат дека не биле стари а решение имало само за 10 дрвја.

Прилогот на ТВ АЛФА погледнете го во продолжение:

Најнови вести