вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ќе добие ли Македонија 5Г мобилна технологија?

Ќе добие ли Македонија 5Г мобилна технологија?

Јавна расправа  за потребните мерки и активности за воведување на 5Г мобилната технологија во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

За утврдување на мерките и активностите за 5Г е формирана работна група како дел од подготовките на национален оперативен план за развој на брзи и супербрзи електронски комуникациски мрежи, проект на МИОА.

На jавната расправа се најавени обраќања на министрите за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и за транспорт и врски Горан Сугарески.

Најнови вести