сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

БРАВО: Македонска актерка во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

БРАВО: Македонска актерка во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

Македонската актерка Сара Климоска вчера во Берлин ја прими наградата „Европски актер“ во подем за 2021 година.

Официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем се одржа на специјално изградената сцена на Berlinale Museum Island. Наградите ги додели Maria Schrader – која е во главна улога на филмот „I’m your man”, филм кој е добитник на Сребрена Мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на првата летна едиција од Берлинскиот филмски фестивал. Конечно имав можност во живо да ги запознам колегите до кои ја делам наградата European shooting stars и навистина секој еден од нив е исклучителен! Благодарна сум на Агенцијата за Филм за номинацијата и на European Film Promotion за наградата и за приредување на едно неверојатно искуство, изјави Климоска.

Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм, која е долгогодишна членка на European Film Promotion.