Вежба за спасување попладнево во центарот на Скопје. Брза помош, полиција, пожарна и хеликоптерска единица беа дел од екипите кои учествуваат во акцијата која се спроведуваше на зградата „Осигирување на Македонија“.
Голем број од граѓаните претходно неинформирани, ги напуштија своите домови, а од големиот број полициски службеници дознаваа дека станува збор само за показна вежба.
Беше употребена и новата противпожарна скала која ја набави Град Скопје, а а за која имаше голем број на реакции во јавноста, токму поради нејзината цена на чинење.
Ова не е прв пат да се спроведува вежба, со цел да се провери колку институциите се на готовс за да реагираат во итни моменти. Дел од акцијата погледенте во продолжение: