петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новогодишна владина „честитка“ до граѓаните: Поскапе дизел горивото, следуваат водата, струјата, парното…

Новогодишна владина „честитка“ до граѓаните: Поскапе дизел горивото, следуваат водата, струјата, парното…

„Новата година донесе непријатно изненадување за граѓаните. Од 55 на 58 и пол денари за литар. Дизелот поскапува за 3 и пол денари по литар“.

Повисоката цена на дизелот се должи на зголемувањето на акцизата за 3 денари и вкалкулираниот ДДВ на оваа цена. Со порастот на цената од половина денар минатиот понеделник, дизелот за само една недела чини 4 денари повеќе. Сегашната цена на дизелот е за цели 12 денари повисока од најниската цена од 46 и пол денари за литар која важела од 27-ми јуни до 10-ти јули 2017-та.

И екстралесното масло за домаќинствата ќе се продава за 3 и пол денари поскапо. Новата цена изнесува 47 и пол денари за литар. И иако Владата тврдеше дека зголемувањето на акцизата нема да ги поскапи и другите производи, граѓаните се револтирани, бидејќи очекуваат раст на многу видови производи, потег што секако ќе удри врз нивниот џеб. Ако едно семејство во просек троши 70 литри дизел месечно, сега ќе треба да плати дополнителни 245 денари.

Не поскапува само дизелот. Во 2018-та жителите на некои општини ќе добијат и повисоки сметки за вода. Регулаторната комисија за енергетика ова го најави кога ги соопшти новите тарифници пред точно еден месец. Цената на водата ќе остане непроменета во главниот град, но ќе поскапе во скоро цела држава, во Битола, Струмица, Куманово, Охрид , Струга,  Пробиштип, Радовиш, Велес , Ресен, Неготино и Свети Николе. Намалување пак ќе  има во Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Кичево, Гостивар,Тетово, Дебар и Кавадарци.

Новите општински власти како борба против загадувањето најавија зголемување на цената на паркинг услугите. Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, годинава очекуваме и поскапување на цигарите за најмалку 4 денари.

Дополнително и покрај тоа што засега нема најави за нагорно поместување на цените на струјата и парното, либерализацијата на пазарот на струја ќе значи можност за крај за евтината тарифа на струјата во сегашните термини, а поставувањето на калориметри на радијаторите плус 300 евра трошоци за секое семејство.

Пресметките се дека со новите поскапувања, секое домаќинство, веќе од денеска, во просек ќе стане посиромашно за илјада денари месечно.

Најнови вести