МЦ Стојан ги шокираше своите обожаватели кога на Инстаграм стори сподели фотографија од болничка постела.
Тој на главата има неколку преврзани рани, а во описот истакнал дека станува збор за слика која настанала пред три месеци, како и дека имал здравствени проблеми поради кои веќе некое време го нема на музичката сцена.
Тој нагласил и дека сега добро се чувства и подготвува нови песни. Со настапи, пак, почнува за десетина дена.