среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грчева: Нашиот идентитет е дебело расклатен- Заев се откажа од македонското малцинство во Грција, нормално и Бугарија да не го признае

Грчева: Нашиот идентитет е дебело расклатен- Заев се откажа од македонското малцинство во Грција, нормално и Бугарија да не го признае

Од владата на Заев кога беа преговорите за Преспанскиот договор се изнаслушавме од гитари и жици, дека нема да има ерга омнес еве имаме ерга омнес, дека нема да се чепка во Уставот но еве се ставија амандмани во Уставот. Се изнаслушавме некои небулози од типот ова ерга омнес ќе важи само за т.н. Илинденска Македонија што беше страотна глупост, пак испадна дека важи за секоја друга варијанта. Апсолутно не верувам на оваа влада ништо. Нашиот идентитет е дебело расклатен, да не кажам поништен со Преспанскиот договор. И јас овие два договори не ги гледам поединечно и различно“, истакна Солза Грчева во „Само вистина“.

Грчева додаде дека Заев се откажа од македонското малцинство во Грција, и како може сега да се очекува дека Бугарија ќе го признае македонското малцинство.

„Двата договори со Грција и Бугарија се како братче и сестриче, и во овој момент таква е ситуацијата. Она што Бугарија го испорачува е еден дрзок напад кон една мирна земја, кон еден народ кој што има своја историја, свои историски личности, свое толкување, свој кодифициран јазик. А, ние сега го слушаме премиерот таму во еден исклучителен нетранспарентен процес каде што не знаеме што однесе тој во својата торба пет некои варијанти каде што вели бугарскиот е ист со македонскиот јазик а различно кодифицирани, а такво нешто не постои“, рече Грчева.

Грчева посочи дека Заев при посета на Бугарија ги погреши сите протоколи, го посети Борисов, човекот кој што го негира македонскиот народ, кај шеф на партија кој што губи, а на крај го посети премиерот и претседателот на Бугарија.

Најнови вести