петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните го потсетија Мојсовски на времето кога го носеше „црвено-жолтиот“ дрес: И тебе те чекавме на плоштад, а сега викаш „нашата“ репрезентација

Граѓаните го потсетија Мојсовски на времето кога го носеше „црвено-жолтиот“ дрес: И тебе те чекавме на плоштад, а сега викаш „нашата“ репрезентација

Македонските фудбалери денеска пристигнуваат на скопскиот аеродром по деби настап на Европското првенство. Директорот на агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски кој е поранешен ракометен репрезентативец, на социјалните мрежи објави дека автобус за пречек од пред АМС, во 12. 30 часот ќе тргне на аеродром каде ќе пристигнат фудбалерите.

Во својата објава на Фејсбук, Мојсоски напиша дека „Денеска нашата фудбалска репрезентација пристигнува во Скопје!“

Токму ова „нашата“ предизвика револт кај граѓаните кои го потсетија Мојсовски дека и тој кога со ракометната репрезентација го освои петтото место на Европското првенство во 2012 година исто така бил пречекан на скопкиот аеродром и на плоштадот Македонија. Актуелниот директор на АМС беше прашан и за која репрезентација и држава тој тогаш настапувал, ако сега не сака да напише „македонска“ во својата објава.

Најнови вести