понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Според Календарот на МПЦ: Утре се слават овие светци

Според Календарот на МПЦ: Утре се слават овие светци

Светиот апостол Вартоломеј

Еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по с ? изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со Светиот апостол Филип и со сестрата на Филип, девицата Маријам – а некое време и со Св. Јован Богослов – го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја умртвија големата змија којашто незнабожците ја чуваа во храм во Ерапол и ја почитуваа како божество. Во истиот град му подарија вид на Стахиј, слеп четириесет години. Овде на нив се крена толпа народ и ги распнаа на крст Филип и Вартоломеј – Вартоломеј го распнаа со главата надолу. Тогаш затресе земјотрес во којшто загинаа злите судии и многумина од народот. Гледајќи во тоа казна Божја, мнозина притрчаа да ги симнат апостолите од крстовите, но Филип беше веќе издивнал, додека Вартоломеј с ? уште беше жив. Потоа отиде во Индија, каде што го проповедаше и на индиски јазик го преведе Евангелието на Матеј. По ова прејде во Ерменија, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Но братот на царот, Астијаг, завидливо го фати и го распна Божјиот апостол на крст. Потоа му ја одра кожата и најпосле му ја отсече главата во Албанопол Ерменски. Неговото тело христијаните го погребаа чесно во оловен ковчег. Бидејќи од неговите мошти стануваа многу чуда, незнабожците го зедоа ковчегот и го фрлија в море. А водата го донесе ковчегот до Липарските острови, каде што епископот Агатон, по откровение во сон, го дочека и го погреба во храмот. Свети Вартоломеј му се јави, облечен во бели ризи, на Св. Јован Песнопоец в црква и го благослови со Евангелието за да пее духовни песни: „Нека потечат од твојот јазик водите на небесната мудрост!“ Му се јави уште и на царот Анастасиј (491 г. – 518 г.) и му рече дека ќе му го чува новосоѕиданиот град Дари. Подоцна моштите на овој голем апостол беа пренесувани во Беневент, па во Рим. Од нив стануваа големи и страшни чуда.

Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.

Кондак
Ти си бил севистински служител на Господа, како прв од седумдесетте апостоли; твојата проповед си ја озарил со Павла, на сите возвестувајќи им Го Спасителот Христа: Поради тоа, Варнаво, твојот спомен со песни го славиме.

Светиот апостол Варнава

Еден од Седумдесеттемина. Роден на Кипар од богати родители од племето Левиево и заедно со Савле се учеше кај Гамалиил. Се викаше прво Јосиф, но апостолите го завикаа Варнава, Син на Утехата, зашто вонредно умееше да ги теши човечките души. Кога Савле се обрати, тој прв го внесе меѓу апостолите. Потоа со Павле и со Марко го проповедаше Евангелието во Антиохија и по други места. По с ? изгледа тој прв проповедаше и во Рим и во Милано. Пострада на островот Кипар од Евреите и Марко го погреба на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препиша. Неговиот гроб остана непознат неколку векови, но со оглед дека многумина добиваа исцеленија на тоа место, се нарече „место на здравје “. Во времето на царот Зинон, кога беше Халкидонскиот Собор, апостолот му се јави на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објави својот гроб. Ова стана токму во времето кога властољубивиот патријарх Антиохиски Петар бараше Кипарската Црква да биде под власта на Антиохиската столица. Но по јавувањето и откривањето на чудесните мошти на Светиот апостол Варнава беше востановено Кипарската Црква, како апостолска, да биде самостојна занавек. Така настана автокефалијата на Кипарската Црква.

Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.

Кондак
Ти си бил севистински служител на Господа, како прв од седумдесетте апостоли; твојата проповед си ја озарил со Павла, на сите возвестувајќи им Го Спасителот Христа: Поради тоа, Варнаво, твојот спомен со песни го славиме.

Светите 222 Кинески исповедници и маченици

Длабоко се трогателни страданијата и исповедништвото на 222 нови исповедници и маченици кои ја прославија Кина пред престолот на Севишниот. Житијата на овие новопрославени светители кои во Пекинг пострадаа за верата Христова за време на Боксерската буна или Јихетуан движењето – како што Кинезите го нарекуваат востанието од 1900 година – оригинално се напишани на руски јазик; извадени се од архивите и за првпат отпечатени во изданието на „Кинески благовесник“ од јануари 2000 година. Во ова Боксерско востание, Мисијата од вкупно 1000 изгуби 300 луѓе. Некои од нив се одрекоа од православието, а другите се покажаа како свети исповедници и маченици заради Христа. Меѓу нив од Кинезите посебно е почитуван свештеникот Митрофан Ѕи-Чун со целото свое семејство. Роден е во 1855 година. Рано остана без татко, па го воспитаа баба му Екатерина и мајка му Марина, која беше учителка во женското училиште. Уште пред да наполни 20 години беше вероучител, а на 25-годишна возраст е ракоположен за свештеник од самиот свети Николај Јапонски. Тој никако не сакаше да го прими свештеничкиот чин и постојано одбиваше, велејќи: „Како да се осмели малку способен и малку добродетелен човек да го прими овој голем чин?“ Но, од послушност кон Црквата, се потчини. Во 1900 година, на 14 јуни, вечерта, просториите на Мисијата беа запалени од Боксерите. Многумина од христијаните, криејќи се, се собраа во домот на свештеникот Митрофан. Меѓу нив беа и поранешните непријатели на о. Митрофан, од кои беше претрпел многу неволји. И како што порано, кроток и молчалив, не се оправдуваше, така и сега, незлобивиот, им даде закрила, од послушност кон Оној што ни заповеда љубов и кон непријателите (Мат. 5, 44). Гледајќи дека некои паѓаат во малодушност, тој ги поткрепуваше, велејќи дека дошло времето на неволји што тешко дека ќе може да се избегнат. На денот во кој од страна на Боксерите и Кинезите незнабожци маченички пострадаа неговите православни браќа Кинези христијани, о. Митрофан ним им беше ангел-утешител, кој ги бодреше и тешеше пред да го задобијат венецот на славата. На 23 јуни вечерта војниците и Боксерите го опкружија домот на о. Митрофан. Во тоа време таму беа собрани околу седумдесет христијани. Некои побегнаа, а оние што беа подготвени да ги примат маченичките венци, меѓу кои старецот Митрофан и многу жени и деца, останаа и беа мачени. Боксерите му ги избодоа градите на о. Митрофан, а јеромонахот Аврамиј го зеде телото на свештеникот и во 1903 година, кога за првпат се празнуваше споменот на овие маченици, телото заедно со други беше положено под олтарот на двоспратната камена црква посветена на мачениците. На местото каде што маченички пострада, сега е поставен крст и на празникот на мачениците (24 јуни) тука поминува Литија и се служи Помен. Многу е впечатливо житието на 8-годишниот Јован. Кога го убија о. Митрофан, Боксерите на Јован му ги расекоа рамениците и му ги отсекоа ножните прсти, носот и ушите. Свршеничката на брат му, Марија, му го спаси животот. Наредниот ден, без облека и обувки, тој седеше на влезот и на прашањето на луѓето дали го боли, одговараше – не. Децата му се потсмеваа, нарекувајќи го „ер-мао-ѕа“, што значи „следбеник на ѓаволот“. Но, тој одговараше: „Јас сум следбеник на Христос Бог“. Јован бараше вода кај соседите, но тие не само што не му ја даваа, туку и го бркаа. Иако раните беа многу длабоки, момченцето не чувствуваше болка и кога повторно го фатија, не покажуваше страв. Придружуван од потсмев и навреди од страна на своите сограѓани безбожници, беше воден како јагне на клање. Божјата благодат, која му беше дадена на малечкиот исповедник во изобилство, го направи нечувствителен за сè од овој свет – раните, потсмевот, стравот од идни мачења. Љубовта Христова го вдахнови со радост да чекори во пресрет на смртта. 19-годишната Марија, свршеничка на синот на о. Митрофан, дојде во куќата на отецот два дена пред Боксерскиот погром, сакајќи да умре во семејството на својот свршеник. Кога Боксерите ја опколија куќата на о. Митрофан на 23 јуни, таа со голема мажественост им помагаше на оние што не беа подготвени за мачеништво да побегнат од раката на гонителите. Иако другиот син на о. Митрофан, Сергеј, трипати се обидуваше да ја убеди и таа да побегне и да се скрие, Христовата следбеничка одговараше: „Се родив покрај црквата на Пресвета Богородица, тука и ќе умрам“. Ја претпочиташе смртта како заминување во местото на блажениот покој. Таа смело ги разобличуваше војниците и Боксерите за нечовечното мачење на христијаните, кога тие ја провалија вратата и влегоа во дворот. Безбожниците беа стаписани од необичната храброст на младата девојка и не ја убија. Но, раните што ѝ ги нанесоа беа претешки и таа маченички го заврши својот земен живот. Меѓу постраданите за Христос имаше и Албазинци, потомци на оние славни Албазинци што ја донесоа светлоста на Христовата православна вера во 1685 година во главниот град на Кина, Пекинг, и ја сочуваа верноста кон неа. За верност кон светото православие Господ ги награди нивните потомци со славата на мачеништво и исповедништво. Климент Куј Лин, Матеј Хај Цјуан, неговиот брат Вит, Ана Жуј и многу други Албазинци, не плашејќи се од оние што го убиваат телото, а не можат да ги убијат душите (Мат. 10, 28), без страв ги дочекаа своите мачења и својата смрт заради Спасителот на светот, молејќи Го Бога за просветлување на гонителите и за простување на нивните гревови. Опишувајќи ја нивната маченичка смрт, архимандрит Аврамиј додава: „Упокој ги, Господи, душите на твоите слуги – ереј Митрофан и постраданите со него – и нека им биде вечен споменот!“ Ние денес велиме: „По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе помилуј нè!“

Празник на иконата „Достојно е“

Една од најстарите чудотворни икони, наречена „Достојно Ест“, и ден-денес се наоѓа во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица, во Кареја. Имено, според преданието, некаде кон крајот на Х век, недалеку од Карејскиот манастир, во испосница живеел некој светогорски Старец со својот послушник. Еднаш старецот се упатил во блискиот манастир на бдение, оставајќи го послушникот сам во ќелијата. Таа ноќ на послушникот му дошол некаков необичен монах. Тој му се придружил на послушникот во сеноќната молитва кон Бог. Но, кога дошол моментот да се возвеличи Пречистата со познатата химна „Почесна од херувимите…“, непознатиот монах му предочил дека кај него најпрво ја пеат песната „Достојно ест“ и со прекрасен, умилителен глас му ја испеал на послушникот таа песна, а за сето тоа време иконата на Богородица блескала со неземна светлина. На молба на послушникот, непознатиот гостин со прст му ја врежал оваа песна на камена плоча, која под неговите чудотворни раце станала мека како восок. Потоа исчезнал ненадејно, оставајќи завет од тој момент па натаму така да се велича Богомајката. Дури тогаш послушникот сфатил дека неговиот необичен посетител бил архангел Гаврил. Подоцна камената плоча со врежаниот натпис била однесена во Константинопол, а иконата била пренесена во Карејскиот храм, каде и денес ги восхитува бројните посетители на Богородичната Градина.