понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмногу гужва на ГП Табановце, еве колку време се чека

Најмногу гужва на ГП Табановце, еве колку време се чека

На ГП Табановце претпладнево се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез во земјава е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести