Во Македонија имаше патни испрати за оние кои се занимаваат со криминал кој влијае на безбедноста на државите, ама не и за граѓаните, рече поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.
-Зошто нема обрасци за пасочи, лични карти, и другите обрасци? Па името е променото пред две години, а тие не успеаја да спроведат јавни набавки и граѓаните да ги остварат своите права, сега министерот вели склучен е договор за 11 милијарди денари договор, а не знае јавноста ништо во врска со тендерот за пасоши, за таблички, за лични карти. И постапката течела, ама некој заборавил на граѓаните, рече Ѓурчевски.
Кога зборувам за светски моќници зборувам за високите претставници на ЕУ и НАТО, затоа што нивната горчина што се издавани пасаши на мафијаши, допрва ќе ја видиме зошто Македонија штити големи криминалци кои ги гонат големите држави.
-МВР требаше списокот да го достави до сите држави во светот и кој идентитет на кој е даден за да ако лицето се појави на граница да биде проверено и МВР требаше веднаш да го извести обвинителството. Обвинителството потфрли во класификација на делото каде не станува збор само за злоупотреба на службена должност, рече Ѓурчевски.