понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Бугарската страна бара целосно идентитетско обезличување, а Заев нема црвени линии

Арсовски: Бугарската страна бара целосно идентитетско обезличување, а Заев нема црвени линии

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарското прашање „кој е вашиот коментар во однос на барањата од бугарската страна кои што се наведени во писмото, а за кои објавија медиумите?“, вели дека Бугарија бара целосно идентитетско обезличување.

-Она кое што можам да го потенцирам е дека видовме дека Бугарската страна бара целосно идентитетско обезличување, но воедно она што нас не загрижува и она што е многу по запрепастувачки е тоа што нема демант ниту од Заев ниту од останатите дека зборел на состаноци дека бугарскиот и македонскиот народ биле исти или со сличен јазик. Заев вика дека ќе продолжел да моли во Софија, што значи дека тој сега моли да му го прифатат тоа што го говорел таму, а се уште не е до крај јасно истакнато што се говорел. И од она кое што можеме да го видиме дека со писмото се гледа дека Зоран Заев нема црвени линии кога станува збор за обезличување на македонскиот народ и на македонската држава, веки Арсовски.

Најнови вести