четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Церемонија по повод враќањето на последната ротација од Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан ќе се одржи денеска во касарната „Илинден“.

На свеченоста, како што најави Министерството за одбрана, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

На свечената церемонија ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнс и на Турција Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на Воено – дипломатскиот кор.

– Северна Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“. Со тоа заврши речиси две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, наведуваат од Министерството.

Најнови вести