среда, 1. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ во офанзива: Нема ниту една причина повеќе Заев да биде премиер

ВМРО-ДПМНЕ во офанзива: Нема ниту една причина повеќе Заев да биде премиер

Летна офанзива на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од средби на највисоко политичко ниво со меѓународните партнери до средби со граѓаните и оддавање почит на заборавените херои на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски е во Брисел, каде учествуваат на парламентарното собрание на Европската Народна Партија.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ оствари низа на средби меѓу кои и со Анџелина Ајхорст, директорка за Западна Европа, Западен Балкан и Турција во службата за надворешно-политички работи на ЕУ, со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент, со генералниот секретар на Европската Народна Партија Антонио Лопез и низа други билатерални средби со повеќе политичари и носители на процесите важни за стратешките интереси на земјава и регионот, врзани со европските интеграции.

Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека нема ниту една причина Заев да продолжи да биде премиер.

-Оваа посета ќе ја искористиме да имаме и средби и голем број настани со политичари кои што се европратеници и претседатели на политички партии и премиери, луѓе кои се дел од ЕПП и да ја искористиме оваа можност да зборуваме за како може што поскоро да се отпочнат преговорите со Република Македонија, да се тргне она вето кое за жал нашиот источен сосед Бугарија го има наметнато да сега во 21 век ние разговараме за теми кои се од век. На тој начин практично ќе се даде дополнителен мотив и стимул на македонските граѓани, на македонскиот народ да веруваат во европските вредности и европската перспектива на Македонија. Апсолутно сме свесни дека оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев практично ја рангираше Македонија како најкорумпирана држава и држава во која владее криминалот и е на најлошото место во Европа, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за телевизија Алфа и додава:

„Свесни сме дека нема реформи дека практично сето она што го ветуваа не успеаја да го испорачаат, но за тоа не треба сметката на крајот од денот да ја плаќа македонскиот народ и граѓаните и Македонија и затоа ние како држава заслужуваме како Македонци и македонски народ да ги отпочнеме преговорите и да застанеме рамо до рамо со европските народи. Со господинот Кампоменоси денеска имавме средба во рамките на утринските сесии. Иако тој доаѓа од партијата Лега на господинот Салвини која што не е дел од Европската народна партија, но ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме стратешка определба да воспоставиме една плодна и би рекол посериозна комуникација со партијата Лега на господинот Салвини, бидејќи очекуваме дека наредните избори сериозно ќе ги добијат и господинот Салвини ќе биде премиер на Италија иако во моментов се дел од Владата на Италија. Разговаравме за продлабочување на соработката, определени партиски идеолошки правци и насоки коментиравме, го поканивме тој или господинот Салвини во зависност од расположливото време или некои други високи официјални лица од нивната партија, да бидат дел од предизборната кампања за локалните избори. Од тоа што успеавме да слушнеме е дека ќе дадат максимум тоа да се случи, но и во тој период и во Италија има исто така локални избори, така што ќе биде малку потешко да се најде време. Но во секој случај ВМРО-ДПМНЕ поставува сериозна комуникација со Лега на Салвини.“

Во однос на изјавата на Заев дека не треба да си даде оставка за блокадата во ЕУ, Мицкоски истакна дека лицемерни и дволични политичари можеби не треба да се коментираат сепак позицијата во моментот премиер е тешка па мораме да ги коментираме и неговите изјави.

-Зоран Заев ветува дека се ќе потпише тука кога ќе дојде, во Македонија вели дека тоа не е точно, но таму кога седи на маса за што постојат и белешки од тие разговори, бидејќи заборава дека е премиер, луѓето си прават белешки, и потоа тие прибелешки излегуваат во јавност. Она што можам да порачам е дека не само што има причина, туку јас не гледам ниту една причина зошто да остане на тоа место каде што е таму, односно премиер на Македонија. Така што не треба да гледа причина, треба веднаш да се повлече и да распишеме предвремени парламентарни избори, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека се бара компромис во штета на народот, историјата, традицијата и македонскиот јазик, нешто што според него не постоеше во 2020, кога блокираше Франција поради други причини.

„Сега Бугарија блокира бидејќи сака да начне во нашата посебност како народ, нешто што во 21 век не е европска вредност“, истакна Мицкоски.

Вчера пак во паркот во Општина Ѓорче Петров се одржа честувување на споменот и одбележување на стогодишнината од смртта на Ѓорче Петров во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ – Гоце Делчев.

Патриотски поздрав од Ѓорче Петров, пред 100 години македонскиот народ се прости од великанот Ѓорче Петров, но споменот и делата остануват вечни, напиша по тој повод потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Во продолжение снимката од одбележувањето на стогодишнината од смртта на Ѓорче Петров:

Најнови вести