среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Младите ќе се спротивстават на апатијата во државата, повеќе не смее да се користат како гласачка машинерија со нереални ветувањата

Попов: Младите ќе се спротивстават на апатијата во државата, повеќе не смее да се користат како гласачка машинерија со нереални ветувањата

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов за „Студио 10“ на ТВ 24 истакна дека младите повеќе не смее да се користат во државата единствено како гласачка машинерија со нереални ветувањата и дека треба да се истапат и да се спротивстават на апатијата и да влијаат директно во креирање на својата иднина.

– Младите треба будно да ги следат процесите, секогаш да излегуваат на гласање бидејќи само така иднината самите ќе си ја создаваме и одлучуваме, силата е во секој еден од нас и сметам дека секој еден млад човек треба да влијае и да ја менува власта онака како што смета дека е најдобро за иднината, младите сме иднината и не треба да оставаме заради проста апатија и незаинтересираност иднината да ни ја креираат други без да се слушне нашиот глас, истакна Попов.

Во однос на вклученоста на младите во партиските тела и одлуките на ВМРО-ДПМНЕ, Попов потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш ги ставала младите во фокусот и тие се застапени во сите партиски тела како Извршниот и Централниот Комитет, така и општинските комитети но и застапени на пратеничките и советничките листи на избори.

– Во Парламентот имаме 7 млади пратеници, и речиси секаде сме застапени ви општинските совети со млади претставници, вклучително и јас сум координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, самото тоа докажува дека ние сме политичка партија која дава шанса на младиот човек, нагласи Попов.

Тој апелираше до сите младите да не се повеќе обесхрабрени и да се активираат во политичкиот живот но и други форми на граѓанско здружување за да влијаат во создавање на сопствената иднина.

Најнови вести