Пејачката Невена Божовиќ долго време криеше дека таа и нејзиниот сопруг, пилотот Никола Ивановиќ, ќе станат родители за прв пат.
Имено, пејачката е во 7-ми месец од бременоста, а сега го откри и полот на бебето. Невена и Никола за своето дете избрале прекрасно име, кое е толку ретко, што многумина се зачудија кога го слушнаа.
Невена во српските медиуми зборуваше за бременоста и истакна дека носи девојче, за што е пресреќна.
Заедно, тие избраа име за наследничката – Анка, што потекнува од хебрејскиот јазик и значи „милост“.