вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Утре минирање на патот Кичево – Охрид, сообраќајот во прекин меѓу 12-15 часот

Утре минирање на патот Кичево – Охрид, сообраќајот во прекин меѓу 12-15 часот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На ден 01.07.2021 (четврток) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 ч. – 15:00 ч. во времетраење од 15 – 20 минути.

ЈП Македонијапат на регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) врши градежни работи чистење на банкини косење и кастрење на гранки на делот од Царина до Трпејца.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести