четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за локална самоуправа и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, во прво читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Единствена точка на дневен ред на Комисијата за локална самоуправа е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка и во читање, поднесен од пратениците Диме Велковски, Боби Мојсоски, Моника Зајкова и Арбер Адеми.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат за Предлог-законот за медијација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, и двата во прво читање.

Членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците ќе остварат работна средба со Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Најнови вести