Сандра Митровиќ, ќерката на директорот и сопственикот на ТВ Пинк Жељко Митровиќ вчера го прослави својот 30-ти роденден. По тој повод таа направи гламурозна роденденска забава на која ги собра најблиските.
На роденденот пееше Оливер Мандиќ, а во моментот кога почна песната „Одлазим, а волим те“ Жељко и Сандра заедно играа со оглед на тоа дека е нивна омилена песна.
Сите беа воодушевени од глетката, па ги земаа телефоните во раце и ги снимаа двајцата.
View this post on Instagram
-Го прославуваме роденденот на Сандра, па Оливер ни ја пее нашата омилена песна, напиша Жељко на својот Инстаграм профил.
Инаку она што на сите им падна во очи беше и роденденската торта која беше на неколку ката, погледнете.