недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Казни „фрчат“ на сите страни – за само 4 часа казнети 291 возачи за брзо возење

Казни „фрчат“ на сите страни – за само 4 часа казнети 291 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.06.2021) во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 291 возачи.

Од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Најнови вести