понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Не следи правила на облекување на прва дама: Џил Бајден во кожни тесни панталони кои ја подмладуваат секоја жена

Не следи правила на облекување на прва дама: Џил Бајден во кожни тесни панталони кои ја подмладуваат секоја жена

Со своите досегашни модни изданија Џил Бајден покажа дека не сака крути кроеви, пресериозна облека, како и дека не следи одредени правила како една прва дама треба да се облекува.

Јасно е дека на Џил на прво место ѝ е носењето облека во која се чувствува добро и онаа која нејзе ѝ се допаѓа.

Во состав на турнејата по САД на која обиколува локации за вакцинирање против Ковид-19, Џил Бајден го посетила и Хјустон во друштво на Даглас Емхоф.

За таа посета американската прва дама избрала едноставна и лежерна модна комбинација која лесно може да се ископира.

Покрај црната маица од материјал на ребреста текстура, Џил носела и темносина јакна од превртена кожа, а облекла и црни тесни панталони од материјал налик на кожа.

Ваквите панталони за момент ја подмладуваат секоја модна комбинација, а за уште помлад изглед 70-годишната прва дама облекла и црни балетанки.

Дали ви се допаѓа?

Најнови вести