Кошаркарката Милица Дабовиќ се најде во центарот на скандал поради профилот на социјалните мрежи каде се тврди дека е ескорт дама (девојка за придружба).
-Половина час 150 евра, час 250 евра, цела ноќ 500 евра … – пишуваше во описот на профилот, што ја шокираше Милица.
Таа веднаш се огласи на својот профил на Инстаграм, каде ги замоли своите следбеници да го пријават лажниот профил и нема сомнеж дека воопшто не и е пријатно заради сè низ што минува.