четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ивановски: Лошите политики на власта, го направија македонскиот земјоделец посиромашен и незадоволен

Ивановски: Лошите политики на власта, го направија македонскиот земјоделец посиромашен и незадоволен

Тим од Комисијата на ВМРО за земјоделство, шумарство и водостопанство предводена од членот Оливер Ивановски денес оствари средба со земјоделци од струмичкиот регион, на која се разговараше за актуелните проблеми со кои се соочуваат земјоделците. Заклучокот од состанокот е дека поради паушалноста, лошите земјоделски политики и жалбата за профит на лица од власта, земјоделецот е незадоволен и маргинализиран во општетсвото.

Земјоделците веќе немаат трпение за лажните ветувања за откупот и ниските откупни цени, но изразија незадоволство и од законските решенија кои не се во интерес на македонскиот земјоделец.

„Да кажеме едно големо НЕ за носење на законот за продажба на државно земјоделско земјиште кое имаат намера да го продаваат по багателни цени, од кое највеќе ќе се офајдат олигарсите, додека правиот земјоделец ќе остане со кратки ракави. Да кажеме едно големо НЕ за носење на предлог законот за пасишта, каде што пчеларите се оптеретуваат дополнително со колективна пашарина, да кажеме едно големо НЕ за носење на владината одлука за поскапувањето на нафтата и нафтените деривати со еколошката такса кое ќе предизвика бран на инфлација и поскапување на македонските производи и сето тоа неминовно ќе води кон осиромашен земјоделец“, рече Оливер Ивановски по средбата со земјоделците.

Ивановски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ знае што е добра земјоделска пракса и секогаш ќе остане на страната на македонскиот земјоделец, со цел да има подобра и посигурна иднина.

Најнови вести