петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Ние сме должни да се грижиме за Македонците во Бугарија и тоа не е мешање во внатрешните работи, тоа е европско цивилизациско право

Ѓорчев: Ние сме должни да се грижиме за Македонците во Бугарија и тоа не е мешање во внатрешните работи, тоа е европско цивилизациско право

Ние сме должни да се грижиме за Македонците во Бугарија, колку и да се тие имаат право да се идентификуваат како се чувствуваат и тоа не е мешање во внатрешните работи, и мораме тоа да го кажеме пред европските институции, вели Марјан Ѓорчев за „Само вистина“ на Канал 5, зборувајќи за барањето на Бугарија да Македонија се откаже од македонското малцинство.

-Во Бугарија постојат луѓе кои се пишуваат како Македонци по род и ние должни сме како држава да се грижиме за тие луѓе. Тоа не е мешање во внатрешните работи, бидејќи како Бугарија како што има дозвола тука да формира тука свои клубови. Ние мораме да се грижиме за Македонците во Бугарија и тоа треба да гои кажеме гласно пред европските институции бидејќи тоа е европско цивилизациско право, нагласи Ѓорчев.

Во однос на словенечкото претседателство во ЕУ и можни преговори со ЕУ, Ѓорчев вели дека португалскиот предлог бил само тест, се очекува словенечки, но иако Словенија е наш пријател, не треба многу да се очекува затоа што Германија и Франција ги очекуваат избори кои нема да дадат можност за решавање на нашето прашање.

-Поругалскиот предлог е само испитување како ќе реагираме ние и Бугарите. Бугарија го одби, а нашата власт рече дека има добра основа и сега треба да видиме со што ќе излезат Словенците како претседавачи на ЕУ. Реално Словенија е пријател на Македонија, се познаваме меѓусебно, очекувам дека ќе се одржи континуитетот за поддршка на Македонија, но не чекаат избори во Германија на есен, потоа на пролет во Франција и тие ќе бидат решавачките моменти кои можат Словенија да ја држат на умерена позиција, да лобира за нас, но со задршка. Не очекувам дека Словенија ќе биде таа која ќе успее да го извлече датумот за преговори, изјави Ѓорчев.

Најнови вести