четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ана Николиќ: Изгледа ме замениле со Џенифер Лопез

Ана Николиќ: Изгледа ме замениле со Џенифер Лопез

Популарната пејачка Ана Николиќ неодамна настапи пред публиката во Нови Сад, а за емисијата „Ексклузивно“, што се емитува на телевизијата Пинк, зборуваше за актуелните случувања во нејзиниот живот.

На прашањето како го помина времето во Турција, Николиќ се збунила.

„Не бев во Турција, бев на излетничко место Грза, а тоа што го велат во весниците не е точно, вели Ана.

Репортерот и откри дека турските папараци му ги пренеле тие информации.

-Па… Веројатно ме замениле со Џенифер Лопез – рече таа, а потоа додаде:

„Сега брзам да градам светска кариера, а започнуваме во Нови Сад“.

Најнови вести