четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Џафери не само што го прекрши Уставот, туку го наруши достоинството на законодавниот дом, бараме одговорност

Лефков: Џафери не само што го прекрши Уставот, туку го наруши достоинството на законодавниот дом, бараме одговорност

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, утрово во интервју за „Слободен печат“, во однос на интерпелацијата за Талат Џафери, истакна дека тој не во својство на приватно лице, туку како претседател на Собранието говореше пред Европскиот парламент на албански јазик спротивно на Уставот и со тоа го наруши достоинството на законодавниот дом, и затоа се бара негова одговорност.

-На 28-ми јуни Талат Џафери не во својство на приватно лице, не во својство на претставник на политичка партија, туку во својство на претседател на Собранието на Република Македонија говореше пред Европскиот парламент на албански јазик спротивно на Амандманот 5 од Уставот, кој јасно вели дека службен јазик на надворешна употреба е македонскиот јазик, критикуваше Лефков.

Лефков вели дека со интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ ќе побара политичка одговорност од претседателот на Собранието бидејќи со неговите непринципиелни настапи и постапки го навредил и го нарушил достоинството на законодавниот дом.

-Го навреди и достоинство на целиот народ, ова е недозволиво ако веќе сте се нафатиле на една таква функција, треба да се биде пример за кредибилитет и човек кој ги почитува законите, истакна Лефков.

Најнови вести