Фијаското во делот на инвестициите, поточно во делот на странските директни инвестиции во Македонија продолжува и во 2021 година. Странските директни инвестиции во Македонија за првите три месеци од 2021 година изнесуваат скромни 25.6 милиони евра. Приливите по основ на странските директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од компаниите кои веќе работат во Република Македонија. Доколку направиме споредба во однос на другите земји во регионот можеме да констатираме дека Македонија е закована на дното во однос на приливот на странските директни инвестиции, вели Гоце Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено, приливот на странските директни инвестиции за првите три месеци од 2021 година во соседно Косово е за 5 пати поголем во споредба со Македонија, приливот на странските директни инвестиции за првите три месеци од 2021 година во соседна Албанија е за 9 пати поголем во споредба со Македонија додека пак приливот на странските директни инвестиции за првите три месеци од 2021 година во соседна Србија е за 37 пати поголем во споредба со Македонија.
Нови инвестиции воопшто и да нема. Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето ветување на Владата на СДСМ, и немање на идеја и стратегија за креирање на развојна економија. И тоа во време кога регионот бележи успеси на ова поле, додека Македонија е целосно заобиколена.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт приливот на странските директни инвестиции ќе беше неколкукратно поголем а економски услови за водење бизнис многу подобри, додава Димовски.