Во легендарното интервју со Опра Винфри, Меган Маркл изјави дека не знаела ништо за кралското семејство.
Меган Маркл излажа кога јавно рече дека „никогаш не ги истражувала принцот Хари и кралското семејство“, тврди нејзината колешка актерка од серијата „Вистински домаќинки“.
Меган Маркл била голема обожавателка на кралското семејство
Меган Маркл била фотографирана пред Бакингемската палата кога имала 15 години и сите овие години била опседната со кралското семејство!
Лепела слики од Лејди Ди насекаде, ја имитирала цело време!
Како што растела, Меган Маркл сонувала да се сретне со принцот и да замине за Лондон. Додека била студентка, на сите страни лепела фотографии од принцезата Дајана и обожавала филмови со принцези и обични девојки кои се среќаваат со принцови.
– Нон стоп зборуваше за Дијана, имитираше во облеката, позираше пред огледалото – вели нејзината пријателка.
На крајот, стигнала до Лондон и успеала да се фотографира пред Бакингемската палата. Меган седи на оградата, а во позадина е Бакингемската палата. На сликата Меган Маркл има 15 години, а со неа е и Нинаки Прајд.
Меган тврди дека дури и не го „гуглала“ принцот Хари
За време на бомбастичното интервју со Опра Винфри, кое предизвика тектонско нарушување во односот помеѓу кралското семејство и војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл тврди дека не знаела ништо за кралското семејство пред да се сретне со принцот Хари.
Колешките ја нападнале Меган затоа што добро знаела кој е Хари!
Леилани Дадинг (41), актерката во серијата „Вистински домаќинки“, тврди дека не верува во зборовите на нејзината поранешна колешка, бидејќи е незамисливо дека постои личност која не го „гуглала“ барем нејзиниот иден сопруг. Имено, Меган Маркл вила решена дека нејзината љубов со Хари е вистинска и како и дека е јасно изненадена кој е тој!