СДСМ без трикови да опстои на ставот за поддршка на Резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Резолуцијата ги штити црвените линии на нацијата и е плод на ставот на јавноста, МАНУ, УКИМ. Резолуцијата е првиот македонски документ кој претставува консензус на јавноста околу националните линии, и како таква треба да биде почитувана од сите политички чинители. Очекуваме од СДСМ да го одржи ветеното и да ја поддржи Резолуцијата а потоа и да ја почитува, без да се обиде низ собраниски процедури да ја осуети, истакнуваат од опозициската партија.
Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Додаваат од таму.