Откако се отворија границите со соседна Грција македонските погранични служби имаат полни раце работа.
Утрово според камерите повторно гужва и ред за влез во Грција има на граничниот премин „Богородица“ од македонска страна (во живо можете да следите ТУКА).
Освен македонски туристи овој премин најмногу го користат и српските туристи како и луѓето кои поминуваат низ земјата само за транзит.
Инаку Грција од денеска ги продолжи за до 15 јули правилата за влез во земјата и истите можете да ги прочитате ТУКА.