Водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ ретко објавуваат работи од приватниот живот, особено од нивниот дом, но овој пат наместо тие еден друг член од семејството откри во каков луксуз живее парот.
Имено ќерката на Жељко Јоксимовиќ, атрактивната Мина Јоксимовиќ со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографија од вилата на нејзиниот татко.
Таа убавото топло време го искористи да се бања во нивниот базен, па веднаш ја сподели фотографијата која го откри луксузниот дом на пејачот.
View this post on Instagram
Од фотографијата можат да се забележат големите скали и двата влеза во вилата, големиот балкон како и големите сталка со завеси од собите во домот на пејачот и водителката.