Градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ во друштво на својата нова девојка уживаше во безвременските хитови на Ѕвонко Богдан, во рамките на Бања Лука Фест кој што се одржува во истиот град.
Станивуковиќ на црвениот тепих се појави во бела кошула и црвени трегери, а неговата понежна половина во розева сукња.
-Бања Лука покажа дека умее да се носи со светските метрополи, а нашите сограѓани синоќа има прилика да уживат во безвременските хитови на Ѕвонко Богдан. Човек зад кого стои повеќе од 50-гоишна кариера, човек кој преку мелодијата и текстовите ги пренесува своите најдлабоки чуства, објави на својата Фејсбук стараница Станивуковиќ.