четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Голем дел од Скопје во недела ќе биде без струја

Голем дел од Скопје во недела ќе биде без струја

Од ЕВН Македонија попладнево информираа дека на барање на МЕПСО во недела, во периодот од 03:55ч. до 07:00ч наутро Електродистрибуција ќе обезбеди безнапонска состојба на 110 кВ трафостаница „Југ Нова“. Во тој период екипите на МЕПСО ќе работат на санација на оштетено заштитно јаже.

Следствено на тоа, без електрична енергија ќе останат 261 дистрибутивни трафостаници и околу 35 268 броила во регионот на:

СКОПЈЕ – ЦЕНТАР: Веро-центар, Народна Банка, поголем дел од централното градско подрачје, нас Пролет, собрание на РСМ, црвен крст , управа за приходи, Тутунски Комбинат , ГТЦ,
СКОПЈЕ – КИСЕЛА ВОДА: поголем дел од нас. Кисела Вода и нас. 11 Октомври, нас. Припор и дел од с. Сопиште,
СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ: Поголем дел од нас. Аеродром , зграда на Македонија Табак, ф-ка Алкалоид Билкарство.