четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Само во Драчево полицијата казнила 109 возачи – од нив 15 биле без возачка дозвола

Само во Драчево полицијата казнила 109 возачи – од нив 15 биле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.07) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на населба Драчево изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, посочуваат од МВР.