Ел Салвадор е првата држава во светот која биткоинот го воведува како официјална валута.
Од септември криптовалутата биткоин ќе биде легално средство за плаќање во Ел Салвадор. Кон почеток на јуни, парламентот кој е контролиран од претседателот Најиб Букеле го усвои законот по брза постапка. Зошто е донесена оваа одлука не е познато.
-Земјата која е заробена во луд монетарен систем оди кон уште полуд систем. Тешко е да се пронајде причина поради која ова добро би се завршило, вели економистот од Харвард, Дани Родрик.
Политикологот и експерт за Централна Америка, Кристијан Амбросиус од Слободниот универзитет во Берлин вели дека не знае ниту еден сериозен економист кој мисли дека план на Салвадор е добра идеја.
Американскиот долар е официјална валута во Салвадор од почеток на 2001 година. Неговото тогашно воведување е слично како и денешното со биткоинот, опишано како пат кон перспектива. Дваесет години подоцна, Ел Салвадор и натаму е една од најсиромашните земји во светот.
-Земјата веќе користи странска валута. Додавањето на друга валута, над која никој нема контрола, но која е многу нестабилна, нема разумна причина со оглед на стабилноста на монетарната политика, вели Амбросиус.