сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Binance“: Биткоин падна на 24.000 евра

„Binance“: Биткоин падна на 24.000 евра

Биткоин денеска на најголемата светска берза за криптовалути „Binance“ во 15:00 часот имал вредност од 23.911,10 евра.

Вредноста на Биткоин во последните 24 часа паднала за 4,12 проценти. Вкупниот обем на трговијата со биткоини во последните 23 часа бил 14,03 милијарди евра.

Како што наведува „Financial Times“, Биткоин паднал поради двоумењето на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) да одобри основање на ETF берзански фондови кои директно вложуваат во оваа криптовалута.

Индексот за страв и алчност (Fear and Greed index) поврзан со Биткоин денеска се наоѓа на ниво 30, во категорија „страв“, додека вчера бил на ниво 52, во категоријата „неутрално“.

Вредноста на криптовалутата Етериум (ETH) паднала за 3,48 проценти, на 1.515 евра.

Денеска најмногу се тргува со „Binance Coin“ (BNB), Биткоин (BTC), Етериум (ETH), „JOE“ и „CYBER“. Најголем раст денеска моментално бележат криптовалутите „CYBER“, „XHO“ и „ARKM“.