вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

РКЕ објави: Еве колку ќе поскапи парното греење од утре

РКЕ објави: Еве колку ќе поскапи парното греење од утре

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени за топлинската енергија кои ќе важат од утре, 1 ноември.

За најголемиот систем во Скопје (ЕСМ снабдување) цената на топлинската енергија се зголемува за 4,51 процент.

Ова значи дека на сметка од 1.000 денари зголемувањето ќе биде 45 денари или како што појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конкретно за просечна сметка од 1.800 денари, поскапувањето ќе биде 80 денари.

-Оваа одлука не ја носевме додека не добивме цврсто уверување дека ќе започне поставување на цевковод на мостот Беласица, посочи Бислимоски.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.