вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Зголемен бројот на работници во индустријата

Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е зголемен за 2.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата, бележи пораст кај Капитални производи за 15.7 %, опаѓање бележи кај Енергија за 4.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, додека кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од 2022 е поголем за 1.1 отсто.