петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ватикан бара од Пендаровски да се догради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија

Ватикан бара од Пендаровски да се догради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија

Ватикан бара споменикот дивоградба на Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје да се доизгради, а спомен куќата на улица Македонија да биде управувана од Католичката црква. Ова било побарано од претседателот Стево Пендаровски при посетата на Ватикан на 24 Мај, на одбележувањето на Свети Кирил и Методиј, пишува СДК.

Од кабинетот на Претседателот за „Сакам да кажам“ потврдуваат дека на средбата со државниот секретар на Ватикан Пјетро Пароли биле отворени одредени прашања поврзани со статусот и правата на верниците од католичка вероисповед од земјава, не прецизирајќи што конкретно било побарано.

Пендаровски за барањата од Ватикан го известил Министерството за надворешни работи од каде што деновиве било испратено писмо до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар.

Најнови вести