четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Стотици шишиња вреден алкохол пронајдени при реновирање на кралска палата

Стотици шишиња вреден алкохол пронајдени при реновирање на кралска палата

За време на реновирањето на летната палата на грчкото кралско семејство во местото Татои, северно од Атина пронајдени се стотици вредни шишиња вино и жестоки пијалаци од Грција и странство.

Грчката министерка за култира Лина Мендони вчера изјавила дека се работи за „откритие со голема важност“.

Пронајдени се над 4.000 шишиња, а сега се утврдува дали има уште.

Меѓу останатите предмети, пронајдени се шише виски од времето на крунисување на британската кралица Елизабета Втора, како и вина Chateau Margaux, Chateau de Vincennes и Chateau Rothschild кои датираат од 19 век.