четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

За овие хороскопски знаци 2021-ва ќе биде најтешка година – еве за кои станува збор!

За овие хороскопски знаци 2021-ва ќе биде најтешка година – еве за кои станува збор!

Припадниците на овие три хороскопски знаци ќе имаат голем број ограничувања во остварувањето на своите амбиции.

Позицијата на планетите ќе влијае лошо на нивното поле на комуникација, затоа се можни многубројни несогласувања.

Рак

Ќе направите голем број грешки и конкурентите лесно ќе го почувствуваат мирисот на вашиот неуспех. Ќе ви треба многу сила за 2021 година, но запомнете дека ја имате во вас. Бидете внимателни кому верувате и што потпишувате, особено за време на ретроградните фази на Меркур. Можни се финансиски проблеми, но на крајот ќе излезете многу посилни од овој животен тест.

Вага

Вашите предизвици во 2021 година се поврзани со љубовното поле. Ве чекаат проблеми што ќе ги тестираат границите на вашата љубов. Измешаните чувства и збунетоста ви го отежнуваат донесувањето одлуки, но ќе сфатите колку сте силни и колку можете да поднесете. Овој предизвикувачки период ќе се случи во втората половина на 2021 година и тогаш потрудете се да бидете свесни за сите потенцијални ризици и не паѓајте под притисок. Некои карти ќе бидат откриени, а во љубовната игра е важно да останете верни на себе и на сопствените вредности.

Овен

Јупитер во знакот на Јарец носи тешки предизвици за луѓето родени во хороскопскиот знак Овен. Ќе имате големи желби и многубројни очекувања, но плановите ќе ви бидат блокирани. Ќе бидете премногу себични и ќе мислите дека можете да поместувате ридови, но нема да им се посветите на плановите и на одлуките на вистински начин. Најдобар излез е да играте на сигурно и да размислите добро пред секој чекор. Кога ќе се појават проблеми, останете смирени. Ако сте премногу самокритични, негативните чувства сè повеќе ќе ве спречуваат на патот на личниот развој.