четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рибарите разочарани од новите измени на Законот: Вчера целиот свет го славеше денот на рибарите, а во Македонија го празнуваа рибокрадците

Рибарите разочарани од новите измени на Законот: Вчера целиот свет го славеше денот на рибарите, а во Македонија го празнуваа рибокрадците

Во Фејсбук групата „Корморани“ и „Риболов во Македонија“ револтирани рибари коментираат за новите измени на Законот за рибарство и аквакултура каде како што пишуваат дел од членовите повеќе права им се даваат на крадците наместо на рибарите.

-Жално но вистинито, излегоа измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура во 2021.

1.На рибокрадците испекторите/рибочуварите прво треба да им се изрече опомена, а не казна у ПМ.

2.Од државните доволи процентот што го добиваа здруженијата кои издаваа државни дозволи сега треба да се уплаќа на сметка на концесионерите во тие општини во кои живее ректеативниот риболовец. Тоа значи дека не може секое здружение да издава дозволи.

Ако вчерашниот ден Петровден многу рибари во светот го празнуваа како ден на рибарите, овој ден во Македонија треба да го празнуваат рибокрадците.

Бистро односно матно!, стои во нивниот пост на Фејсбук групата.

Најнови вести